Регенерација и подмладување на кожата со Cellular Matrix

Cellular Matrix е иновативен третман кај кој се комбинираат ефектите на длабока ревитализација и лифтинг, затоа што истовремено се аплицираат несврзана хијалуронска киселина и крвна плазма збогатена со тромбоцити.

Хијалуронската киселина има ефект на ревитализација и хидратација, а плазмата збогатена со тромбоцити (PRP) ја стимулира регенерацијата на кожата на клеточно ниво, го активира колагенот и ја подобрува циркулацијата на крвта. Овие две компоненти делуваат истовремено во синергија, интензивирајќи го ефектот.

Ова е вистински избор за намалување на брчки, лузни од акни, неправилности на кожата, делува позитивно на затегнување и подмладување на кожата.

Идеален е за сува кожа на која и треба длабока хидратација со лифтинг и ефект на свежина. Третманот е ефикасен и за зрела кожа на која и е потребно враќање на тонусот и ублажување на брчките.

Предностите на оваа метода се изразена хидратација и регенерација на кожата, се работи за 100% природен третман, долготрајни резултати и без никакви несакани ефекти.

Кои регии можат да се третираат?

Лице, врат и деколте, како и тело – бикини зона, внатрешност на надлактиците, стомак, зглобови, лакти, колена -и сите останати делови на кои е потребен волумен и благо затегнување, враќање на тонусот.

Како се изведува процедурата и колку долго трае?

Процедурата во Anti Aging Center by Promoitalia се изведува под локална анестезија во вид на крем и трае околу 45 минути. По вадење на мала количина на крв од пациентот, истата се центрифугира за да се издвојат факторите на раст, тромбоцити и матични клетки. Потоа PRP-то се меша со хујалуронска киселина и се добива единствениот Cellular Matrix кој се аплицира во саканата регија. Процедурата е потполно безболна, а веднаш по третманот може да се вратите на секојдневните обврски.

Резултатите се видливи веднаш по третманот, се познава хидрираност на кожата и благ лифтинг. Ефектите од процедурата се зголемуваат во наредниот период, а полниот ефект е по две недели.

Совет:  Најдобар ефект се појавува после три третмани на растојание од по еден месец.

Контакт ☎️ 02/ 31 31 31 6