Рецепт: Мексиканска пица

Потребни состојки:

– ¼ чаша брашно

– ¼ чаша вода

– 50гр стопен путер

– една лажичка сецкан магдонос

– две сецкани лу

– четири тортиљи

– 50 гр. сецкан кулен

– 100 гр. кашкавал

–  сецкан магдонос

Подготовка:

Во помал сад измешајте ги брашното и водата, а потоа земете друг сад и измешајте ги лукот, магдонос и стопениот путер.

Земете една тортиља и намачкајте ја со измешаното брашно со вода, потоа додадете малку кулен, кашкавал и магдонос на четири места како на фотографијата:

 

Поклопете ја со друга тортиља и исечете ја на четвртини. Потоа од горе намачкајте ја со измешаниот путер со лук и магдонос и ставете ја да се пече 10 минути на 180 степени.