Рецепт: Спречете го стареењето со помош на лук

Лукот, како и неговата моќ се познати уште од минатото. Познат е по лечење на многу заболувања, а денес и современата медицина го признава како лековит во превенција и лечење.

Тоа што е познато е дека лукот на прво место го смалува крвниот притисок и ги чисти крвните садови намалувајќи го нивото на холестерол. Затоа лукот е најмоќниот природен антибиотик, антиоксиданс, па дури и антидепресив, а делува и против габични заболувања и паразити.

Оваа чудотворна намирница се пронајде на првото место како природен „борец“ против ракот и карциномот.

Се што е наведено, до сега е познато и проверено, но дали сте знаеле дека баш лукот помага успешно и во борбата против стареење?

Направете ја оваа смеса и ќе го намалите стареењето на целиот организам.

10 глави лук сомелете во блендер. На тоа додајте 1 кг мед и исцедите 10 лимони. Смесата нека стои во стаклен сад 10 дена, а потоа консумирајте ја по едно лажиче наутро и навечер.