Наши фаци

Ристе Ристески ќе му биде ментор на Стефан во „Ѕвездите на Гранд“

Единствениот македонски победник во најгледаното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески ќе му биде помошен ментор на Стефан Величковски на патот до големото спектакуларно финале кое е закажано замесец јуни наредната година.

– Стефан доби ментор од жирито на Гранд и верувам дека ќе мупомогнат многу, но тука сум и јас за се што му е потребно. Тој е искрен,скромен и фин дечко, но истовремено квалитетен пејач и одличен музичар. Му посакувам многу да напредува и да го исполни својот сон, вели Ристе Ристески.

Ристе Ристески присуствувал зад камерите на снимањето на првата емисија во која Стефан го добива официјалниот ментор од жирито, нопоради правилата на продукцијата се до емитувањето кое е закажано за 22 декември нема да откриваат повеќе детали.

– Чест и задоволство ми е да го имам токму Ристе Ристески на своја страна. Несебично ми дава совети и поддршка цело време, сепак има најдобро искуство и точно знае како да владее со таа сцена, вели Стефан Величковски.

Величковски во моментов е актуелен со својот ангажман како манекен во модната агенција „Моделс Ин“, но и со возобновување на радискиот хит „Искрен пред себе“ од 2010 година за кој наскоро ќе промовира и видеозапис.

Најнови информации

To Top