Родители, пријавете ги вашите ѕвездички на фестивалот Мелодија!

Почитувани родители, доколку вашето дете е на возраст од 5 до 15 години и има талент за пеење, јавете се на телефонскиот број 076 500 038 кај Кристина Цветаноска и пријавете го за новиот детски фестивал „Мелодија“ во Кичево.

Пријавувањето трае до 30 септември, а на закажаниот термин заедно со професионалци ќе се одбере песничка која најмногу му одговара на вашето дете.

Малку повеќе за фестивалот…

МЕЛОДИЈА е новото детско музичко фестивалче во Кичево. Периодов се одвиваат аудициите кои траат до 30ти септември. Секое дете на возраст од 5 до 15 години кое има желба да пее и да има своја песничка која ќе биде заштитена со комплетни авторски права е добредојдено!

– Интензивно работиме и се подготвуваме уште од јануари оваа година. Се надеваме дека ќе успееме овој детски музички фестивал да добие значајно место во културниот живот на градот – истакнаа Кристина Цветаноска, Христијан Тришоски и Христијан Ѓорѓиевски.

Над 10 нови песни, кловнови, маскоти и многу забава е она што ја очекува публиката на годинешното издание кое ќе се одржи на 30ти ноември 2019 година во НУ „Кочо Рацин” – Кичево.

КОНТАКТ ТЕЛЕФОН: 076 500 038 (Кристина Цветаноска)