Samsung го претстави ClimateHub, своето прво интегрирано решение за греење и довод на топла вода

ClimateHub е новото интегрирано решение на компанијата Samsung за греење и снабдување со топла вода во домаќинствата. Преку лесна монтажа, едноставно движење, бесшумна работа и паметно поврзување, Samsung има за цел да ги направи домовите повеќе практични за инсталатерите и повеќе комфорни за крајните корисници.

Samsung ClimateHub е исклучително функционален систем на климатизација. Тој се состои од реверзибилна топлотна пумпа со средство за ладење R32, вграден резервоар за топла вода со волумен од 200 или 260 литри и нов регулатор кој е осетлив на допир, кој воедно овозможува и контрола на температурата. Системот е достапен во Mono и Split верзии.

Mono и Split системи

ClimateHub Mono конфигурацијата има надворешна хидро единица, која ја олеснува монтажата и нема потреба од лиценца за F-гас. Овој систем е достапен во повеќе опции кога е во прашање капацитетот, тие варираат од монофазни варијанти од 5-8-12-16kV, до оние со трофазен капацитет од 8-12-16kV. Кога е во прашање Split системот, надворешната единица е со резервоар поврзан со цевки од разладните средства и овој модел е достапен во 4-6-9 kW (монофазни) и 9kW (трофазни) варијации. Двата системи можат да се поврзат на Smart Grid режим, овозможувајќи максимално искористување на предностите, односно економично и одржливо снабдување со електрична енергија. ClimateHub може да се поврзе и на соларен погон, штедејќи на трошењето енергија преку обновливи ресурси. Поради високиот степен на енергетска ефикасност и Mono и Split системите доаѓаат со А+++ ознака за просечна сезонска ефикасност на греење на просторот, врз основа на излезна температура на водата од 35°C.

Хидро единица со вграден резервоар

Хидро единицата на Samsung ClimateHub системот доаѓа со вграден резервоар и е дизајнирана до најситните детали. Достапна во опција од 200 или 260 литри, единицата подразбира повеќе типови на монтажа и се вклопува во различни објекти, од мали станови до големи куќи. Помошниот грејач е постојано вклучен, за греењето да е константно.