Сандра Африка го „испали“ Вук Моб

Пејачката Сандра Африка го „испалила“ раперот Вук Моб кога требало да излезе втората песна, и тоа поради раперот Раста.

Вук и Сандра после заедничкиот хит „Nevaljala“ снимиле и втора песна, но промоцијата е откажана во последен момент на нејзино барање бидејќи имала подобра работа – дует со Раста.

Пејачката со другиот рапер го објави дуетот „Impozantno“, а Вук и понатаму чека.

„Сандра и јас не се поклопивме, поточно, датумите не ни се поклопија. Иако се се договоривме, таа одлучи прво со Раста да ја објави песната, и тоа е тоа. Ништо друго не би кажал“, истакна Вук Моб за „Свет“.