Сараево гори: Инас и Таско запалија мерцедес од 12.000 евра во новиот спот за „Балкан Банда“

Нашиот Таско заедно со босанскиот артист Инас ја промовираа “Балкан Банда“.

Ова е прва соработка на Таско со артист надвор од нашите граници.

Музиката е на Таско, текстот е на Таско и Инас, додека пак аранжманот, миксот и мастерингот се на Иван Јованов-Ивајо.

Видео спотот е сниман во Сараево во продукција на “New Era Digital Studio”. Високобуџетен спот каде гледаме луксузни мерцедеси, часовници. Песната е издадена за босанската продукција “Империја”.

Седумнаесет годишниот Инас Арнаутович од Сараево, кој на музичката сцена се појави под уметничкото име ИНАС е во подем на босанската музичка сцена кој поприлично привлече внимание и ги освои симпатиите на љубителите на комерцијалната музика.

Го викаат наследникот на Јала Брат, Буба Корели, Раста..

Во роднинска врска е со Буба Корели и е ексклузивец во една од најголемите продукции на балканот -“Империја”.

Негови најпознати песни му се: “Да да да”, “High ко змај”, “Змиско тело”..

На Таско оваа му е уште една соработка, после претходната со Тракер за хитот “ Црна Мечка“, а од Урбан ни најавуваат уште многу други песни и соработки за оваа година..

Во продолжение погледнете го  видео спотот, кој за само неколку часа постигна висока позиција на трендингот на Јутуб во Македонија  и во Босна.