Актуелно

Се огласи и Васко Ефтов- открива што им се нуди на пратениците на ВМРО да гласаат

Ќе ве молам мора да останете со ладни глави. Не смее ни под разно да се случи нов 27 април. Тие тоа го сакаат. Само со ладни глави и без никакви инциденти, пишува на својот ФБ профил новинарот Васко Ефтов.

-Ова што денес се слуцува е незапамтено во македонската историја. Цената за еден глас се движи од 250 илјади евра ( пратеник од Централна Македонија ), еден милион евра ( пратеник од Северозападна Македонија ) до два милиони евра за два пратеници ( еден од Скопје и еден од Истоцна Македонија ), пишува Ефтов.

Според него, лидери на две помали партии се возени низ Скопје во државни автомобили и им се нудени кули и градови.

-Ветени се две ослободителни пресуди. Еден заврши на Кардиологија. Ова е многу валкана игра. Ќе ве молам со ладни глави. Според моите информации во Собранието се повикани луѓе од Обвинителството за да бидат заштитени пратениците, пишува Ефтов.

Најнови информации

To Top