Се смееме како Joker со 2Бона

Најпозната српска серија во моментов, Јужни ветар,  која ги освои срцата на сите Балканци, а се емитува во недела на РТС 1, во неделата на 8ми март, емитуваше епизода проследена со музиката од никој друг, туку токму од нашите 2Бона.

Имено, се работи за најновата “бомба” од 2Бона насловена Joker за која тие снимија супер кул спот. Песната е во продукција на Bassivity Digital и видео продукција NN- media, а за само неколку дена се најде на #1 trending на you tube.

2бона веќе се мега популарни и тоа не само во нашата земја, туку и низ целиот Балкан и пошироко, за почит е фактот што нивните песни се исклучиво на македонски јазик. Сега младите и надежни артисти имаат role models чие стапки ако ги следат, несомнено ќе ги доведат до успех.

Уште еднаш им симнуваме капа и со нетрпение очекуваме уште поголеми проекти од нив.

До тогаш, се смееме како Joker:

left__h