Се за ајфон: Богати близначки се снимале како хранат бездомник

Познатите руски близначки Аделја и Алина предизвикаа бес на социјалните мрежи откако објавија, а потоа и избришаа видео во кое хранат бездомник се со цел да освојат ајфон.

На видеото се гледало како богатите близначки бараат бездомник и го наоѓаат Јури Засорин, кој 28 години живее во количка по улиците на Москва.

Тие се јавуваат во скап ресторан од каде порачуваат суши и го хранат кутриот човек.

На крајот на видеото, кое е веќе избришано, бездомникот им се заблагодарува на близначките и вели дека има уште луѓе со добро срце. Ова видео предизвика бес на социјалните мрежи, зашто богатите девојки не го хранат Јуриј зашто се добри, туку за да освојат ајфон.

Тие учествувале на предизвикот “We care”, во кој главни награди се ајфони и плеј стејшн 4. Се огласија и од ресторанот за суши, кои велат дека веќе никогаш нема да примаат нарачки од близначките кои бездушно го искористиле бездомникот.

Јури бил градежен работник до пред 20 години, а од 2013 е во количка како последица на долгогодишното живеење на улица.