ШАБАН СЕ ПОВАМПИРИЛ: Насловна страница на српски магазин го крена Балканот на нозе!

Велат дека нема бизнис како што е шоубизнисот, а жолтиот печат секогаш и од најглупавите приказни да направи сензација која ќе се продава, но токму овој обид на српскиот магазин „Стар“ го крена Балканот на нозе.

Музичари, актери, бројни ценети јавни личности јавно ја осудија насловната страница на „Стар“ како и екипата која го прави познатото списание.

Шокантната приказна со фотографија од Шабан речиси на целата насловна вели дека „Шабан се повампирил“ и се додава „Ноќе се шета низ куќата и вклучува светло на тремот каде што сакал да одмара“.

Секако, има и наводна изјава од соседите.