Што говори бојата на лакот за вас? Ако сакате црни нокти, вие сте храбри!

Сите жени сакаат убави и лакирани нокти. Но дали сте знаеле дека бојата на лакот говори за вашиот карактер?

Доколку сте љубители на темните, црни лакови за нокти вие сте многу креативни и размислувате надвор од рамката. Ваквите личности имаат помалку бунтовен карактер, но тоа се жени и со голема самодоверба.

Само важни и храбри жени можат да ги носат сите нијанси на лакови и не обрнуваат внимание на критиките од другите.

Личностите кои користат неонска нијанса на лак се сметаат за многу енергични. Тие се полни со животна сила и никогаш ништо не им е тешко. Сакаат да се дружат и секогаш прават одлична атмосфера во друштвото.

Нежни и пастелни бои се резервирани за опуштени и романтични девојки. Бледо розова, кремаста, па дури и варијанти на нежно жолта или корална боја помагаат да се опуштите и уживате во животот. Личностите со оваа нијанса на прстите се опуштени по природа и не се премногу гласни, па во нивно друштво се чувствувате пријатно.

За многу импулсивни се сметаат девојките кои сакаат портокалова нијанса на лакови. Овие личности се полни со трпение. Секогаш се спремни за акција и во главно сами си ги решаваат своите проблеми.

Дамите со боја на црвено вино на своите нокти во главно се сметаат за секси личности. Тие сакаат да заведуваат и се сензуални и неодоливи.

Белата боја опишува личност која вдишува младост. Без разлика дали станува збор за лак на цел нокт или класични френч на врвот од ноктите, овие личности се елегантни и секогаш во тренд.

Комбинацијата на неутрални и земјени бои на вашите нокти ве опишуваат како многу весела личност. Тие знаат кога е време за озбилни работи, но умеат и да се опуштат кога за тоа имаат прилика.