Што ќе добијат оние кои нема да добијат Оскар?

Номинираните кои нема да добијат „Оскар“, ќе добијат вредни подароци.

Подароците за кандидатите се во вредност од околу 215,000 американски долари, што е вкупно околу 5 милиони долари за сите , тврдат медиумите во САД.

Подароците вклучуваат 12-дневно крстарење на луксузна јахта, која вклучува престој во луксузен хотел каде ноќевање чини 1.300 долари. Номинираните ќе добијат и чоколади од канабис, како и, многу други работи како подарок.

Подароците не се организирани од Академијата, туку од маркетинг агенција која обезбедува подароци и на други церемонии.