Синот на Аделина има инстаграм-профил со 14 илјади фанови

Познатата пејачка Аделина Тахири пред три месеци се породи со синот Јон, кому му отвори Инстаграм профил.

Малиот Јон ги собра симпатиите на јавноста и моментално има над 14 илјади следбеници.

Аделина го следи теркот на светските ѕвезди, чии деца имаат профили на социјалните мрежи. Таа е во брак со адвокатот Серијожа, а Јон е нејзино прво дете.