СКАНДАЛ: Дупер се распадна, Авалон го раскина договорот!

Музичкото трио кое внесе свежина на македонската музичка сцена, Дупер се распадна.

Сопственикот на Авалон продукција, Бобан Милошески преку својот Фејсбук профил ја информираше јавноста дека договорот е раскинат поради несогласувањата во бендот.

– Почитувани, поради тоа што едниот од машките членови на групата Дупер и даде отказ на Мартина, со поддршка на другиот машки член… од според мене најпатетична можна причина, Авалон продукција го раскина договорот со младите момци. Од мене толку, напиша Бобан на својот Фејсбук профил.

Музичката група Дупер беше една од ретките која уште при својот старт успеа да привлече моќна продукција која ќе им овозможи уште посилен раст и долг успех, но за жал тоа не траеше долго. Дали Авалон ќе му даде шанса на Влатко Лозаноски – Лозано како замена за Дупер, останува да видиме наскоро.