Скопје го доби првиот модерен и светски салон за убавина

Вчеравечер (среда, 17 април) во центарот на Скопје се отвори првиот современ салон за убавина со светски ентериер и дизајн „Hair & Make Up Studio Daniel Nikolovski“.

Целиот ентериер на салонот за убавина е изработен по најмодерен минималистички стил во кој преовладуваат дрвените текстури и металот. Пријатната и топла атмосфера е разиграна со впечатлива зелена декорација која одлично се надополнува и дава посебен акцент.

Сопственикот на салонот, Даниел Николовски кој важи за еден од најдобрите фризери и мејк-ап артисти за своите пријатели и најблиски соработници организираше свечено отворање со кое го означи стартот на новата приказна за „ Hair & Make Up Studio Daniel Nikolovski“ на улица Антоние Грубишиќ број 2 во Скопје.

Арменд Рамадани, Александра Наумовска, Ване Маркоски, Антонија Гиговска се само неколку од познатите гости кои присуствуваа на отворањето.

 

Повеќе фотографии може да погледнете ТУКА!