Скопје покажа дека е град за велосипеди

Околу 2.000 луѓе беа пријавени на Скопје на точак. Тие ги возеа своите
велосипеди на караванот кој се одржува втора година по ред.

Скопје покажа дека е вело град, исто како во минатото.

Возењето велосипед ќе им помогне на сите да се грижат за своето здравје и да ја заштитат животната средина.

Скопје на точак е под покровителство на Град Скопје и се организира од Сојуз на спортови на Скопје.

За безбедноста на караванот и неговите учесници се погрижија МВР кои заедно со организаторите ги водеа учесниците по брзина од 20км на час.

Регистрацијата беше бесплатна и на лотаријата беа доделени неколку подароци и тоа велосипеди, велосипедска опрема, ракавици, заштитни шлемови.