Собранието ќе има пет потпретседатели

Денес во Собранието на Република Македонија беше усвоена предлог-одлука за утврдување на бројот на потпретседатели на парламентарниот дом.

Имено, со оваа одлука, Собранието ќе се состои од пет потпретседатели, кои ќе се избираат од редот на пратениците од различни политички партии.