Сопственикот на „Opera House Hotel“ нуди бесплатно сместување за коментаторите од Арена

Сопственикот на еден од најуспешните хотели во Скопје – „Opera House Hotel“ нуди бесплатно сместување за коментаторите од телевизијата Арена Спорт, Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ.

Хотелот ги нуди своите капацитети за да им овозможи пријатен и удобен престој на коментаторите кои финалето во кое триумфираше Р.К. Вардар го проследија подраматично од некои нивни колеги од Македонија.

Јавноста покрена и иницијатива за токму тие да го водат организираниот пречек на Плоштад Македонија затоа што, како што велат, македонските телевизии не биле на висина на задачата, а за успехот известиле скромно, без отворени студија кои секојдневно се организираат кога во фокусот се политички теми.

https://www.facebook.com//OperaHouseHotel