СОВЕТ: Ви требаат само 2 работи, а митесерите исчезнуваат (ВИДЕО)

Корејската јутјуб ѕвезда Феи Јанг споделила трик за длабинско чистење на порите преку ноќ, а нејзиното видео со брзина на светлината се проширило на интернет.

Тајната на оваа маска се крие во комбинацијата на вазелин и провидна пластична фолија.

Таа става слој вазелин на цело лице, а потоа на пределот на носот и образите нанесува пластична фолија.

Маската треба да стои до утрото, а потоа се трга така што се кине фолијата и со помош на памук се притиска на делот на лицето каде што имате митесери, со цел валканото да излезе од порите.