Српски јутјубер покажа дека има срце колку планина

Познатиот српски јутјубер Данило Бадњар, попознат како Чода, ги фрли во сенка сите свои колеги откако покажа дека има срце колку планина.

Имено, тој на својот Youtube канал објави видео во кое им ѕвони на луѓе на врата и ги прашува колку им се трошоците за сметки на месечно ниво правдајќи се дека сака да се пресели во нивниот крај и го интересира колку би плаќал доколку тоа го направи.

Откако соговорникот ги кажува вкупните цифри, Чода брои пари во тој износ и му дава на соговорникот.

Реакциите на луѓето се преубави – од гушкање и заблагодарување до поклонување букет цвеќе.

Чода е доказ дека популарната платформа не мора нужно да биде преплавена со злоба и негативни примери на однесување, а се надеваме дека момчето ќе им послужи како пример и на останатите колеги ширум Балканот.