Старлета претепа дете, ќе добие ли 54 години затворска казна?

Ѕвездата на реалното шоу е обвинета за напад на дете поради кое би можела да заврши повеќе од половина век зад решетки.

Томи Ли е една од „најистакнатите“ учесници на реалното шоу „Love and hiphop“, а изгледа дека ќе мора да ја прекине таа кариера бидејќи и се заканува повеќе од 50 години затворска казна.

Минатиот октомври ѕвездата упаднала во училиштето на својата ќерка, ја извлекла од час, ја влечела за коса, неколку пати ја удрила и на сила ја ставила во училишното ормарче, пренесува „ТМЗ“.

Иако вработените во училиштето веднаш повикале полиција и старлетата била уапсена, три часа покасно ја прекршила забраната за доближување на девојчето, поради што повторно е уапсена.

Властите во Џорџија подигнале против неа обвинување по седум точки, од кои секоја е кривично дело. Доколку биде уапсена, вкупно и се заканува 54 години зад решетки.