Статуата на бразилскиот Христос осветлена со знамињата на земјите погодени од коронавирус

Бразилската статуа на Христос беше осветлена со знамињата на земјите ширум светот, како и пораки со надеж.

Статуата беше осветлена во знак на солидарност за земјите кои се зафатени со пандемија на коронавирусот (Ковид-19).

The illuminated statue of Christ the Redeemer  © Wagner Meier/Getty Images
The illuminated statue of Christ the Redeemer © Wagner Meier/Getty Images

Симболот на христијанство ширум светот, статуата на Христос е сместена на врвот на планината Корковадо во националниот парк „Тијука шума“ со поглед над градот Рио де Женеиро.

The illuminated statue of Christ the Redeemer in Rio de Janeiro, Brazil  © Wagner Meier/Getty Images
The illuminated statue of Christ the Redeemer in Rio de Janeiro, Brazil © Wagner Meier/Getty Images

 

Статуата била осветлена за време на посебна миса која ја водел градскиот архиепископ Дом Орани Темпеста.

Кога архиепископ ги повикал граѓаните да се молат за заболените, пораката #praytogether била проектирана на статуата на различни јазици, како и карта на секој континент и знамиња на сите земји кои пријавиле случаи на коронавирус.

Archbishop Dom Orani Tempesta performs a mass in honor of the victims of COVID-19 © Wagner Meier/Getty Images
Archbishop Dom Orani Tempesta performs a mass in honor of the victims of COVID-19 © Wagner Meier/Getty Images