Статус на една девојка објаснува зошто Оливер Ивановиќ ќе живее вечно

Многу луѓе на кои српскиот политичар Оливер Ивановиќ им помогнал во животот, после неговата смрт проговорија каков човек всушност бил тој.

Младо момче за српски медиум истакнало дека Оливер му помогнал во најтешките моменти.

Но тој не е единствен, девојка на социјалната мрежа Twitter објави статус со кој објаснува зошто хероите живеат вечно.

„Кога мајка ми беше во болница, Оливер Ивановиќ дојде и сакаше да даде крв бидејќи се познавале долго. Измачен во затвор, болен, но се понуди. Тоа е тој, приватно.“, напиша таа.