Стефан и Дипломатик бенд подготвени за новата сезона

Атрактивниот македонски пејач Стефан Величковски и музичкиот состав „Дипломатик Бенд“ подготвени ја очекуваат новата сезона на венчавки, матурски забави и прослави.

– Периодов за мене е малку напорен затоа што сум постојано на линија Скопје – Белград, често имаме проби со Вики Миљковиќ и напорно работиме за следните кругови на „Ѕвездите на Гранд“, но сакам да ги испочитувам сите кои ми се јавуваат и сакаат да им пеам на нивните најважни и најубави денови, вели Стефан Величковски.

Минатата година музичкиот состав „Дипломатик Бенд“ имаше рекорден број на свирки, а со ист интензитет се очекува да биде и 2019-та година.

ТЕЛЕФОНСКИОТ БРОЈ НА БЕНДОТ Е 078 837 768