Техно кралицата Deborah De Luca вечерва ќе настапи во распродадена А1 Арена

Најбрзо растечкиот талент на светската техно сцена Deborah De Luca утре ќе настапи пред македонската публика во А1 Арената. Таа во моментов е на самиот врв во оваа индустрија и настапува на најголемите и најважните подиуми ширум светот, а македонската публика во предвечерието на Новогодишната ноќ ќе има можност да ужива во урбан звук.

Билетите се пред целосно распродавање, а тоа е добар показател дека
македонците сакаат урбан звук. Неодамна Spotify ги прикажа нејзините перформанси за 2019та на нивниот сервис, Deborah има над 8,7 милиони стримови, била слушана над 714,8 милиони часови од страна на корисниците на овој сервис, а има над 1,2 милиони активни слушатели од 79 држави.

Во А1 Арената поставена е бина од 60 м2, употребени се над 30м2 LED дисплеи и над 120 светлечки тела што ќе направат да изгледа оваа журка по примерот и стандардите на најдобрите техно забави. За звукот да биде на нивото на артистот и очекувањата на посетителите во А1 Арената се направени посебни тестирање и употребена е софистицирана опрема која со сигурност ќе извади одличен звук, што впрочем е една од најважните работи за ваков музички настан.

Настанот ќе започне во 22 часот и ќе трае до 06 часот утрото, Deborah De Luca ќе настапи во 2 часот по полноќ, увертира ќе и даде Rinia Rinia, а по неа ќе настапи норвешкото диџејско дуо Eric Small and Carina Helen.