„Телекабел“ бележи историја: Неограничен мобилен интернет и месечни пакети од 300 денари

После 22 години успешно функционирање во Македонија, кабелскиот оператор „Телекабел“ одлучи да сврти нова страница и на корисниците да им понуди конкурентна услуга и фер понуда во мобилната телефонија каде цените по спојувањето на „Вип“ и „Оне“ драстично пораснаа.

Со префиксот 074, можност самите преку www.telekabel.com.mk да си го изберете својот број, но и да го задржите вашиот сегашен број заедно со префиксот преку опцијата „портирање број“ која се извршува за само три работи дена, „Телекабел“ го објави својот влез во мобилната телефонија.

Македонските корисници за прв пат ќе имаат можност да користат вистински неограничен 4G мобилен интернет без никакви скриени ѕвездички и лимити.

Доколку денеска станете нивен корисник, понудата на пакети е следна:

ПАКЕТ 300

– 200 минути кон сите национални мрежи

– 1 ГБ интернет

цена: 300 денари

ПАКЕТ 500

– Неограничени разговори кон сите национални мрежи

– 10 ГБ интернет

цена: 500 денари

ПАКЕТ 1500

– Неограничени разговори кон сите национални мрежи

– Неограничен национален интернет

цена: 1500 денари

Во пакетите нема вклучено бесплатни СМС пораки, а испраќањето на една СМС порака кон било која мрежа во Македонија ќе ве чини 3 денари. Интернетот вклучен во пакетите е со брзина 4G/LTE, по неговото искористување брзината се намалува без притоа да плаќате дополнително.

Интересот за користење на мобилната телефонија на „Телекабел“ е огромен.

Корисниците очекуваат операторот наскоро да понуди и мобилен интернет за дома, како што тоа го прави „Вип“ со „Вип Комбо Бокс“ и со тоа да им овозможи квалитетен и брз неограничен интернет на сите корисници каде операторот нема своја кабелска мрежа.