Теоријата на Сара Џесика Паркер руши се што сме гледале во „Сексот и градот“

Сара Џесика Паркер е најпозната по својата улога на Кери Бредшо, а сега ги збуни фановите со теоријата која ќе не донесе до прашање за се што сме гледале во познатата серија „Сексот и градот“.

После шест сезони на серијата и два филма, многу работи не сме знаеле за „Сексот и градот“, а сега Сара Џесика Паркер го донесе во прашање и самото постоење на најдобрите пријателки на Кери Бредшо.

Имено, таа вели дека сурово рационалната Миранда Хобс, нежната Шарлот Јорк и сексипилната Саманта Џонс можеби воопшто и не биле вистински ликови.

„Размислете за тоа. Дали Кери ги измислила? Таа измислувала приказни секоја недела, се од нејзиниот агол на гледање“, изјавила актерката.

Како еден од доказите го наведува и моментот која во последната сезона на серијата Кери го оставила својот лаптоп во Њујорк и отишла во Париз поради несреќната романса со Александар Петровски.

Сара тврди дека тоа бил прв и единствен пат кога не раскажувала приказна, што по нејзе докажува дека лаптопот бил извор на постоење на нејзините пријателки.

Сега кога размислуваме, тие три жени се сосема различни што можеби биле различни делови на личноста на главната актерка. Таа знаела се до детаљ што се случува во нивните спални соби, но и за другите сегменти од животот.

И секогаш некако завршува сама, во својот мал стан во Њујорк со својот лаптоп. Има смисла.