Тешка повреда на десната рака и бројни медицински пропусти – приказната на Сашко Пејовски

Младиот и амбициозен пејач Сашко Пејовски деновиве ги откажа сите закажани настапи, а причината за тоа е сериозна повреда на десната рака.

Имено, Пејовски пред 10 дена ненамерно со удар во стакло тешко ја повредил десната рака, но за приказната да биде уште потажна, тој со часови поминува во болничките лавиринти чекајќи пред затворени врати додека некое совесно медицинско лице одлучи да му помогне.

Приказната после 10 дена завршува со гној на раката, бројни пропусти на оние што треба да не лечат и дополнителна болка за нашиот сограѓанин.

На крај од својата приказна која ја објави на својот Фејсбук профил, Пејовски додаде: „Ме прашуваат зошто сакам да си одам од државава, од каде да почнам?“.

Извинување за вознемирувачките фотографии!Еве вака накратко.Пред цели 10 дена по ненамерен удар во стакло, завршив со…

Gepostet von Sashko Pejovski am Samstag, 6. Juli 2019
  • Преземено од Фејсбук профилот на Сашко Пејовски (јавен статус)