Том и Џери го слават 80. роденден

Популарните цртани јунаци, мачорот Том и глувчето Џери, неделава прославуваат 80 години постоење.

Приказната за мачорот и глушецот кои живеат во иста куќа и постојано се надмудруваат, проткаена со урнебесни ситуации, е измислена во одделението за анимација на филмската продукциска куќа МГМ. Авторите Бил Хана и Џо Барбера имале за цел да го достигнат успехот на Волт Дизни.

Првата епизода е објавена 1940 година, при што мачорот на почетоот се викал Џаспер, а глувчето – Џинкс. Постигна огромен успех, па дури и му донесе номинација за Оскар за најдобар кус анимиран филм на студиото.

Кратко потоа Џаспер и Џинкс биле преименувани во Том и Џери.