Топ 5 совети за успешно интервју

Барањето работа може да биде напорно, ама најтешкиот дел следува кога ќе ве повикаат на интервју.

Подготовките за интервју знаат да бидат стресни, од бирање соодветна гардероба, истражувања за позицијата и фирмата, можни сценарија и претпоставки за прашања и одговори до тремата која ќе ве фати неколку минути пред интервјуто.

Во прилог неколку совети како да поминете успешно интервју без истото да ви претставува стрес.

1.       Појавете се! Не сакате да пропуштите (можеби одлична) прилика бидејќи едноставно не ви се оди, сте се предомислиле за позицијата или чекате одговор од друго место. Откако ќе го поминете интервјуто ќе одлучите дали работата е за вас, а не пред тоа. Ако не сте тука, или терминот ви се поклопува со друг термин, учтиво замолете ги да ве повикаат во друг термин.

2.       Соодветно облечете се! Нема потреба од премногу формална гардероба ако аплицирате за работа во casual средина, а истата е задолжителна доколку аплицирате за сериозни работни позиции. Секогаш бидете чисти и уредни, доколку носите шминка нека соодвествува на позицијата за која аплицирате и без премногу аксесоари. Визуелниот изглед е секогаш битен при првиот впечаток, а вие секако сакате да оставите добар.

3.       Опуштете се! Откако пристигнавте на време (минимум десет минути порано), вдишете длабоко и опуштете се. Нека интервјуто биде еден состанок на кој ќе се претставите себе си во најдобро светло, како позитивна личност која во секој момент е свесна за своето однесување. Нема потреба од трема и непотребно потење. You got this!

4.       Бидете позитивни! Потрудете се за задржите позитив став низ целото интервју, рацете секогаш нека ви бидат на видливо место. Зборувајте позитивно не само за себе, туку и за претходниот работодавец и позиција, нагласувајте ги повеќе предностите отколку недостатоците.

5.       Прашувајте! Не сакате да си заминете од интервјуто и да не дознаете се за позицијата, а и да испаднете незаинтересирани. Прашањата нека бидат кратки, концизни и релевантни.

На кратко:

Show up,  dress up,  relax,  be positive  &  ask questions.

Good Luck!

left__h