Наши фаци

Топ ефект на полни усни со природен изглед – Хијалуронски филер на промоција

Пополнувањето на усните со хијалурон стана еден од најчестите нехирушки третмани кога е убавината во прашање, а причината за тоа е едноставна – потполно безбеден, брз и ефикасен начин да добиете полни усни какви што отсекогаш сте посакувале.

Со хијалуронскиот филер можете да добиете потполно природен изглед на устата, да ги поправите ситните неправилности и благо да ги пополните усните така што ќе изгледаат убаво, сензуално и дискретно, што ќе видите и на фотографиите во продолжение на текстот.

 

Зошто пополнувањето со хијалуронски филери е најдобар избор?

1. Третманот со хијалурон се изведува за 30 минути. Потребно е прво да почекате да ви делува локалната анестезија во вид на крема која се нанесува на усните, а потоа следи самиот третман.

2. Поради можноста да ставите дури и мала количина, лесно можете да го контролирате конечниот изглед на устата, да пополните само одредени делови и да задржите поприроден изглед, дури и другите да не приметат дека воопшто сте правете третман.

3. Хијалуронските филери со својата структура се најслични на хијалуронот кој природно се наоѓа во нашата кожа и е составен дел од нашето тело, па реакциите во вид на алергија и иритација се многу ретки, додека пак со другите производи може да се случат и тоа како не сакани нус појави.

4. Третманот со хијалуронски филери е реверзибилен, што значи дека доколку не ви се допадне крајниот изглед на вашите усни, едноставно може да го избришете ефектот. Во усните се става супстанца која го топи хијалуронот, кожата го апсорбира и го снемува од устата.

 

Како изгледа самиот третман?

Како што погоре напишавме, на усните ќе ви биде намачкана крема која служи како анестезија. Анестезијата брзо делува, па после 10-15 минути може да се почне со третманот. Заблагодарувајќи на анестезијата нема да почувствувате болка.

Доколку се одлучивте за овој третман наша препорака е првиот комплетен центар против стареење во Македонија – „Anti Aging Center by Promoitalia“, чиј тим е составен од врвни професионалци со докажано искуство.

Само во месец декември Промоиталиа ви нуди пополнување на усните за само 9.000 денари.

Искористете ја понудата и закажете го Вашиот термин на 02/ 31 31 31 6

Најнови информации

To Top