Тракер брутално искрен: На македонската сцена и фали талент

Андреј Трајковски, познат како Тракер, е хип-хоп, рнб и трап артист кој активно се занимава со музика од 2009 година.

Уште како дете на негови 14 години станува член од самите почетоци на продукцијата Урбан Рекордс. Во годините зад себе има оставено многу битови и продуцира песни на многу други артисти.

Да го запознаеме Тракер одблиску.

Кој е Андреј приватно?

Андреј е тракер приватно, истиот што луѓето го гледаат во видео спотовите и слушаат во песните. Мојата музика е одлик на мојот карактер, така да со мојот приватен живот секој може да се запознае.

Зошто прекарот Тракер?

Нема конкретно значење, бев најмалото дете што снимаше ТРАКИ тоа време. Па така ми го дадоа прекарот Тракер.

Како се одлучи за трап?

Не одлучив за трап. На времето бев рапер, па како што еволуираше музиката отидовме и ние со неа како “трапери”.

Каде се гледаш за пет години?

Па пред 5 години се гледав тука, а за уште пет се надевам на уште повеќе…

Што и фали на македонската сцена?

Таленти.

Дали спремаш нов проект?

Тоа и не се прашува хахах, нормално.. all day every day..

Омилена трака?

Малку нарцисистички но, “Црна мечка” со Таско.

Омилен филм?

Star Wars.

Дали Тракер има девојка или е слободен?

9. Тракер секогаш има девојка

❤

Кој според тебе е најјакиот трапер?

Offset без конкуренција.

Девојките на трап сцената, ситуацијата е иста на Балканов, ги нема. Твое мислење?

Балканот отсекогаш вадел многу јаки девојки траперки, кај нас се уште никоја не испливала на површина, ама и така доцниме со се.. Ќе си дојдат.

Што претставува за тебе Урбан Рекордс?

Види, член на Урбан Рекордс сум од кога имав 14 години, пораснав со продукцијата тоа ме изваја и искали, за мене не е само продукција и екипа, туку фамилија.

Кој е твојот порок?

Ауф.. ги има неколку, да останеме на грицкање нокти.. еве и цигарите.

Потребна ли е голема храброст за да се започне кариера?

Зошто би почнал кариера ако не си храбар !?

Што мислиш за регионалната трап сцена?

Искрено не гледам некоја голема трап сцена и навистина ми е жал поради тоа. Ајде луѓе чекаме конкуренција!

Кој сметаш дека е најлош од траперите?

Панчо