Тракер со необично видео како најава за првата песна и спот на Луна

Познатиот трап артист Тракер кој се уште е актуелен со хитот „Црна Мечка“ во кој гостува Таско, вчера промовираше необичен видео спот, овој пат со песна во дип хаус (deep house) стил.

Во него ни покажува како изгледаат неговите денови кога е во друштво на преубавата Луна.

Во видеото може да се види како Тракер и Луна спонтано и опуштени се подготвуваат за снимањето на првиот видео запис на Луна.

За добре дојде на Луна во фамилијата на Урбан како поддршка во видеото можеме да ги видиме и дел од останатите членови на Урбан, а од последните кадри од ова видео можеме да забележиме дека спотот што се најавува ќе изгледа модерно и светски.

Видеото се снимаше во неколку  локали низ населбата Аеродром, во музичкото студиото на Ивајо и во Про Лајт Студио. Го изработи Гордан Божиновски – Год Ај Продукција.

Музиката е на Тракер, Аранжман/Бит,микс и мастеринг на Иван Јованов – Ивајо.

Таа е дива, нескротлива, таа е сензуална и секси, впечатлива, ексцентрична и со стил…Таа е се, само обична не. Запознајте ја убавицата Луна, вториот женски артист на Урбан Рекордс. Се чини дека нејзиното време допрва доаѓа..Дали е тоа така ќе дознаеме многу наскоро наредната недела кога ќе биде и официјалната промоција на нејзиниот прв сингл „Мирисаш на куш“…а дотогаш уживајте во спотот што претставува како најава за тоа… „ Иде гас, иде Луна“…