Три лека од природата – заборавете на лекови за воспаление на синусите

Оваа „болест“ по правило се лечи со лекови, но и тие можат штетно да делуваат на здравјето доколку често се внесуваат во телото.

Еве три природни лекови кои можат да ви помогнат:

ЛУК

Лукот има одлични антибактериски својства, поради што прилично го ублажува воспалението на синуси. Иако има мирис кој на многумина им смета, најдобро е да го јадете свеж.

ПОРТОКАЛ

Ова овошје преставува одличен извор за витамин Ц кој ја олеснува назалната конгестија и помага во чистење на синусите. Вдишувањето на мирисот на портокал, исто така, помага.

КОПРИВА

Копривата исто така ги олеснува симптомите, вклучувајќи иритација на очите и чешање на носот. Оваа билка, доколку се земе во форма на чај или капки, го стимулира имунолошкиот систем, кој ќе се бори против инфекцијата, а исто така го стимулира ослободувањето на слуз од синусите, што е главна причина за неподнослива болка.