„Црна мечка“ – Излезе новиот спот на Тракер и Таско

На барање на фановите заедно со видео спот се реализираше „Црна Мечка“, која за само неколку часа по промоцијата влезе на висока позиција ‘во тренд на Јутуб’. Се по популарните Таско и Тракер заедно во нов проект на Урбан Рекордс продукција, каде Таско се појавува како гостин во новата трап песна на Тракер. Оваа не им е прва соработка на двоецот Таско Тракер, тие летото минатата година снимија спот за „Не ме боли“.

Сега Тракер и Таско ни доаѓаат со „Црна Мечка“..

Музиката и текстот се на Андреј Трајковски – Тракер и Христијан Тасковски -Таско, аранжман и мастеринг на Иван Јованов – Ивајо, спотот комплетно го изработи Гордан Божиновски „God Eye Production”, а за организацијата и графичкиот дизајн се погрижи Борис Тасковски.

Спотот се снимаше на две локации низ државава, во Кавадарци и во Велес во една голема поранешна дискотека, во кој се појавува луксузен црн мерцедес од ЕС класата.

Од продукцијата кои неуморно работат, знаат да кажат: „Оваа песна како да влезе преку ред по барање на фановитекои искрено ги почитуваме…Следно спремете се за Балкан Банда на Таско“…