Tyzee ја наполни „банката“ во Белград

Викендов за Tyze беше спектакуларен. Имено, тој во саботата за првпат имаше настап во Белград како специјален гостин и тоа не било каде, туку во TheBank (instagram: @the_bank_beograde) , клубот кој доби престижна награда од светската организација World finest clubs за најдобар клуб во Источна Европа (трета година по ред).

Најпознатиот RnB  клуб во Белград e домаќин исклучиво на гости од страна и во него настапувале ѕвезди од светски калибар, меѓу кои Џејсон Деруло, инаку една од највртените песни оваа сезона во The Bank беше токму Пабло на Tyzee.

 

Tyzee, како специјален гостин на Award Night беше пречекан со неверојатна енергија и прекрасна атмосфера.

Пред тамошната публика за првпат ја испеа La Bonbonniera, нова српска песна за која со Balkanton наскоро  ќе снимаат спот.

Викендов Tyzee го помина кај Раста во студио, секако работно, а ни откри и дека од него може да очекуваме нова македонска песна под наслов Гори.

Имајќи во предвид колку Tyzee го обожаваат како во Македонија, така и надвор – ќе Гори Балкан.

@left__h