Урбан Рекордс продукција потпиша партнерски договор со “IDJ Digital” од Србија

Продукцијата Urban Records која на голема врата го донесе новиот модерен стил на музика и звук кој е многу добро прифатен помеѓу младите во државава и во соседна Србија и Бугарија, потпиша партнерски договор со “IDJ Digital” – водечки дигитален дистрибутер за Источна Европа и Јадранскиот регион, лоциран во Белград соседна Србија.

Тие се лидери во регионот за медиумска промоција и дигитална продажба и дистрибуција и како компанија работат за издавачи и големи стриминг платформи како што се Spotify, Apple Music, Deezer, Amazon, како и мрежата на YouTube.

Од тука произлегува фактот дека сите ексклузивци на продукцијата како што се Два Бона, Таско, Тракер и други, ќе ја имаат можноста да бидат медиумски промовирани на телевизиите и радио станиците низ целиот регион.

Урбан Рекордс најавуваат многу новитети и уште поголеми соработки на артистите со многу балкански ѕвезди.