Успешна хуманитарната забава: Собрани 2.000 евра за помош на Методи Митев

Хотел и ресторан Але-Дар во вторникот (16-ти јануари) организираше голема хуманитарна забава која имаше за цел собирање на средства за операцијата на Методи Митев која е закажана за месец март.

Забавата ја отвори познатата водителка Тања Велкова, а свој настап имаа музичките ѕвезди Ристе РистескиСузана ГавазоваВлатко ЛозаноскиЛозаноИбуш ИбраимоскиВлатко Миладиноски и Ване Грозданов во придружба на музичката група „Бумбари Бенд“ од Штип.

Собрани се 123.500 денари кои веднаш се префрлени на сметката на Методи Митев.

Влезницата за големата хуманитарна забава беше со симболична цена од 100 денари