Утре е Бадник – Еве кој прв ќе ве разбуди

Секое утро на Бадниковиот ден – по вечерта покрај Коледарскиот оган, групи од маалски деца не будат со традиционалните коледарски песни.

Домаќинките спремаат јаболка, костени, ореви, портокали, разни бонбони и ситни парички и спремни ги дочекуваат коледарчињата кои рано наутро доаѓаат со торбички и кеси.

Песни има многу, но во Скопје најпозната е:

Коледе леде
паднало греде
утепало деде
деде се мачи
баба го квачи
со четири јајца
гускини, шаткини.
Денес е Коледе,
утре е Божиќ
ќе колеме теле
теле вика леле
не колете мене
ќе ви купам зеље
да месите пита
да јадете сите.
Коледееееееееее…