Ви недостигаат идеи за фарбање на јајца? Направете три совршени комбинации

Ви претставуваме три феноменални идеи за најнеобични Велигденски јајца:

1. Ставете ги јајцата во хартиена марама, а потоа во длабок сад. Над нив ставете коцки мраз. Земете бои за храна и ставете неколку капки. Нека стојат 20-30 минути, а потоа извадете ги од садот и ставете ги на хартија за да се исушат.

2. Земете пена за бричење и рамномерно распоредете ја во прав плех. Ставете боја за храна и со чечкалица измешајте. Јајцата внимателно ставете ги во шарената пена и оставете ги 20-30 минути.

3. Ставете врела вода во пластичен сад, додајте неколку капки боја за марбелинг, кои можете да ги пронајдете во подобро снабдените книжари, за да добиете ефект на мермер. Измешајте ја бојата со дрвено стапче и после тоа ставете ги јајцата. Оставете ги да се исушат и во зависност од бојата ќе добиете најнеобични комбинации.