Вкусна храна, пијалаци и добра забава во ланџ бар „TASTY“

Во срцето на Скопје, спроти цветниот пазар на улицата Св. Кирил и Методиј се наоѓа прекрасниот ланџ бар „TASTY“.

Одличната локација, модерниот практичен ентериер и вкусните специјалитети се она со кое новиот ланџ бар може да се пофали, а оние што еднаш го посетиле, повторно се враќаат.

Изберете вкусна храна од богатото мени или нарачајте го вашиот омилен пијалак и уживајте преку целиот ден, а вечерите се резервирани за урбана музика и добра забава.

Менаџментот најавува забави преку целата недела, затоа „лајкнете“ ја нивната Фејсбук страница и бидете во тек со новитетите.