Влатко Лозаноски објави нова песна пред концертот во Скопје

По „Надеж“, Влатко Лозаноски – Лозано ви ја претставува неговата најнова песна со наслов „Мајко“.

Станува збор за уште едно емотивно музичко дело во кое учествуваа повеќе, но и едни од најдобрите музичари во нашата земја.

А, нормално како и за претходните, така и за оваа нумера како автори се потпишуваат Лазар и Магдалена Цветковски.

– Ова е песна која ќе допре буквално до секој од публиката. Песна за која сум убеден дека ќе биде една од најслушаните мои дела. Се разбира, како и многу други и „Мајко“ ќе ја слушнеме на 23. ти март – изјави Лозано.

Инаку популарниот пејач веќе на големо се подготвува за неговиот прв и голем солистички концерт закажан за на 23. март во „Вип Арена – Борис Трајковски“ во Скопје каде ќе ги испее неговите  најголеми хитови.