Водителот Стефан Лазаров сними песна – слушнете ја „Hola Mamacita“

Некогашниот менаџер и актуелен водител, Стефан Лазаров по својот ангажман во „Ексклузив“ одлучи да си ја проба среќата во нова професија.

Песната која ја сними Стефан има латино призвук и го носи насловот „Hola Mamacita”. Снимена е во соработка со младиот рапер Денис Куртовиќ.

Како продуцент се потпишува Иле Спасов, текстот е на Стефан и Денис, а придружните вокали ги пее младата пејачка Лина Пејовска.