Вучиќ и Тачи разговарале за убиството на Оливер Ивановиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ преку телефон разговарал со претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Двајцата соговорници се согласиле дека дијалогот меѓу Србите и Албанците, како и заедничката работа за смирување и стабилизирање на ситуацијата во Косово, е од клучно значење за двете страни.

Исто така, Вучиќ и Тачи разговарале за убиството на Оливер Ивановиќ. Тие го споделиле жалењето и се согласиле дека откривањето и апсењето на сторителите на ова ужасно кривично дело е клучно за зачувување на мирот и довербата кај луѓето.

Претседателот Вучиќ уште еднаш побарал од Тачи да ја прифати српските државни органи да се вмешаат во спроведувањето на истрагата за убиството на Ивановиќ, со цел злосторството да биде решено во најкус можен рок.