Актуелно

Вучиќ откри зошто пропаднал референдумот за името во Македонија

По неуспехот на референдумот во Македонија и изборите во БиХ се охрабрувам да кажам дека имаме потреба од посилна ЕУ во регионот. Потребно ни е нешто опипливо, не само поддршка, туку потребно ни е исполнување на ветувањата од Европа, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на Белградскиот безбедоносен форум.

– За жал, очигледно е дека договорот што го склучија двете страни, не помина во Македонија и на народот тој не му се допадна, кажа Вучиќ, и додаде дека „место тоа да се признае, се играме со разни математички формули, се лажеме самите – мнозинството од ова, мнозинството од она. А една од причините за ова е тоа што му беше понудено на обичниот народ, дека не му беше привлечно, како што мислеа во Европа. И да, тоа е точно, ветувањата од Европа на народот не им беа привлечни“, оцени Вучиќ.

Србија нема аспирации да се зачлени во НАТО, изјави Вучиќ, но затоа на Македонија и е ветено зачленувањето во Алијансата, како и во ЕУ.

Тој констатираше дека на целиот регион, како и на Србија, кога се даваат ветувања од ЕУ, тие треба да бидат сигурни и истите мора да се исполнат.

 

Најнови информации

To Top