За 2 Бона секоја ноќ е бела

Пред повеќе од десет години Марио и Тони рекоа дека ʺеден ден ќе бидат познатиʺ. Денес е тој ден, всушност ноќ, а таа ноќ е бела. Сега тие се Марио Јелиќ-Кун и Антонио Стојановски-Тонито многууу познати како 2 Бона и штотуку извадија уште еден banger.

Прегледите на you tube растат, а реакцијата на фановите е врескање. Коментарите на you tube и Instagram се позитивни и стигаат и од околните балкански земји. Нема сомневање дека Бела ноќ ќе се вброи во милионски гледаните хитови на 2 Бона.

Задоволувачки е фактот што конечно имаме нешто наше што звучи премногу светски и колку и да се хејта не може да се игнорира.

Во продолжение слушнете ја Бела Ноќ и like/subscribe/comment (good vibes only).

*текстот не е лекториран со цел да се задржи автентичността.

@left__h