За црната облека да биде како нова: Едноставен трик за избледена гардероба

Сакате да носите црна облека, но ви смета што лесно избледува?! Не се грижете, постои евтин трик кој ќе ви помогне.

Колку и да е квалитетна, црната гардероба има тенденција со текот на времето да избледи, па затоа треба со посебно внимание да се води грижа за нејзиното одржување.

Сепак, ако приметите дека ја изгубила првобитната боја, односно избледела, можете да се послужите со еден трик кој ќе ги воодушеви домаќинките.

Се што ви треба е црн бибер.

Кога црната облека ќе ја ставите во машината за перење, додајте една лажичка црн бибер во прав (околу 5гр.). Потоа пуштете ја машината и перете на стандардна програма.

Како овој трик делува?

Облеката избледува поради собирањето на детергент, а абразивноста на биберот ќе ги тргне сите остатоци, додека пак зачинот ќе даде црна нијанса на вашата облека.