Започна Kарневалот во Венеција

Годишниот Карневал во Венеција е отворен и започна со парада на чамци по познатите канали.

Темата е „игра, љубов и лудории“, и ќе трае до 25 февруари.

Фестивалот е познат по раскошните маски и костуми, а со него се означува и почетокот на 40-дневните велигденски пости.

Оваа традиција е основана во 1162, по воената победа на Венецијанската Република против патријархот Улрих Втори од Аквилеја.

Туристи од целиот свет ја посетуваат Венеција за времетраењето на овој фестивал на годината.

Венецијанскиот карневал кој го полни градот со маскирани луѓе, живописни бои, многу настани и позитивна енергија. Гламурозни вечери исполнети со италијанска традиција и одличната храна се само дел од овај настан кој се одржува секој Февруари во Венеција.